Дана Вајт стана советник на Доналд Трамп

276

Американскиот претседател Доналд Трамп ги собра највлијателните луѓе во американските спортови да му станат советници, како дел од процесот за враќање на економијата. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт е исто така дел од оваа група.

Целта на формираната група е да му помогне на претседателот со совети за рестартирање на економијата – особено професионалните спортови кои треба да се преродат среде пандемијата на коронавирус.

„Треба да се вратиме спортот“, рече Трамп во Белата куќа и додаде: „Уморен сум од гледањето бејзбол игри од пред 14 години“.

Ова се некои од имињата што Трамп ги спомена дека би му помогнале во оваа задача:

Адам Силвер, НБА

Роџер Гудел, НФЛ

Гери Бетмен, НХЛ

Роб Манфред, МЛБ

Роберт Крафт, сопственик на Патриотс

Марк Кубан, сопственик на Далас Маверикс

Дана Вајт, претседател на УФЦ

Винс Мекмахон, сопственик на ВВЕ/WWE

Ери Џонс, сопственик на Далас Каубојс

Меѓу членовите на групата се и лидерите на PGA, LPGA, NSCAR и MLS.

Спортските манифестации прво ги прекина НБА лигата на 11 март, а потоа следуваат повеќето спортови неколку дена подоцна.

Во моментов во САД има над 500.000 лица позитивни на коронавирусот и над 21,000 смртни случаи, според податоците на СЗО.