Дана Вајт покажа како ќе изгледа „Борбениот остров“ (ФОТО)

81

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт откри како ќе изгледа едeн од октагоните што ги очекуваат навивачите на ММА ширум светот „Борбениот остров“. Шефот на најелитната организација за мешани боречки вештини објави „приказна“ на Инстаграм, во која се гледа како ќе изгледа кафезот на брегот на островот Јас во Абу Даби.

Битките на „Борбениот остров“ ќе се одржат во затворен простор, кои ќе биде специјално изграден  за галавечерите на УФЦ, а кафезот прикажан на фотографијата ќе се користи за тренинг на борците.

https://www.instagram.com/p/CB9TARqpN3K/?utm_source=ig_embed

MMAfighting.com пренесува дека УФЦ планира да изгради затворен простор во кој борците и техничките соработници и тренери ќе бидат тестирани за „Ковид-19“.

Првиот настан на „Борбениот остров ќе се случи на 11 јули. Ова ќе биде проследено со три последователни настани во текот на 10 дена од 15-ти до 25-ти јули.