Дана Вајт направи скандал заради Џина Карано

273

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, успеа да направи скандал со коментар за поранешната членка на УФЦ, Џина Карано.

Американката беше отпуштена од филмската компанија „Лукасфилм“ поради „расистички“ коментари на социјалните мрежи, што ја чинеше место во серијата „Мандароанецот“.

Новинарот на ЕСПН Ариел Халвани објави долг коментар во кој ги осудува постапките на актерката, истакнувајќи дека таа се чувствува „навредена, и како личност со еврејско потекло и како човечко суштество“.

Сепак, на Дана Вајт тоа не му се допадна и зборуваше жестоко со Хелвани.

„Сите правиме грешки. Не е чесно сите така да и се нафрлаат … Навистина ми се допаѓа како Ариел Хелвани ги извртува работите. Секогаш станува збор за него. Страшно ѓубре“, рече Вајт.

Коментарот предизвика реакција на ЕСПН и спортскиот гигант застана во одбрана на својот репортер.

„Ариел е вреден колега и исклучителен репортер за ММА. Неговите материјали зборуваат сами за себе“, се вели во официјалното соопштение објавено во „Њујорк пост“.