Дана Вајт ќе живее како цар во Абу Даби (ВИДЕО)

67

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт се врати во Абу Даби каде што ќе одржува настани во следните пет недели. Организацијата се враќа на островот Јас, каде што викендов Израел Адесања и Пауло Коста ќе го предводат УФЦ 253.

Вајт реши да ги покаже луксузните услови во кои ќе живее во наредните недели на боречкиот остров.

Луѓето во Абу Даби се погрижија тој да не пропушти ништо. Дана има своја спортска сала, како и многу други поволности. И додека неговите борци се жалат дека останале без пари пред нивните борби, Вајт живее како крал. Погледнете ги условите за живот на претседателот на најголемата ММА организација во Абу Даби: