Црна Гора, Бугарија и Италија домаќини на Европските бокс првенства за млади

254

Европската боксерска конфедерација (ЕУБЦ/EUBC) ги објави новите датуми и градови кои ќе бидат домаќини на Европското првенство во три возрасни групи – кадети, јуниори и јуниори до 22 години. Одлуката е донесена вчера по состаноците на Извршниот комитет во централата, а објавена до федерациите денес.

Според новиот календар, Европскиот шампионат за кадети ќе се одржи во Будва, Црна Гора, од 11 до 23 ноември. Бугарија ќе биде домаќин на континенталното натпреварување за јуниори од 23 ноември и 3 декември во Софија.

Во У-22 е закажан во декември (8-18), а домаќинството е доверено на Италија.