Чувствителен потег на Гејџи неколку момнети откако се разбуди

143

Фантастичниот американски борец Џастин Гејџи не можеше ништо против Хабиб Нурмагомедов и загуби во втората рунда од одличниот противник, кој потоа низ солзи рече дека ја завршува кариерата.

Гејџи го тешеше на партерот, а откри и што му кажал на Хабиб додека плачеше во рингот.

„Му кажав дека немав шанса да му кажам дека ми е жал поради неговата загуба и дека го направил татко му горд. Поразот ме боли, но морам да го прифатам ова. Имам самодоверба, вложив многу и знам дека луѓето го почитуваат мојот труд“, кажа Гејџи.

Нема дилема дека Гејџи ќе биде еден од главните кандидати за освојување на титулата на лесна категорија во УФЦ во иднина.