Чендлер и Гејџи договорија борба

90

Мајкл Чендлер и Џастин Гејџи се договорија за борба на УФЦ 268. Двајца од најдобрите борци во лесна категорија ќе влезат во кафезот на 6 ноември, пренесуваат американските медиуми.

Ова е еден од најочекуваните судири откако поранешниот шампион на Белатор се приклучи на организацијата.

Чендлер постојано го обвинуваше Гејџи дека го избегнува, а одговорот на Џастин не задоцни.

И двајцата имаа неуспешен обид за освојување на појасот. Мајкл Чендлер загуби од Чарлс Оливеира оваа година, а Гејџи од Хабиб Нурмагомедов пред 12 месеци.

Тој беше и последниот противник на „Орелот“ во неговата славна ММА кариера.

Другата објавена битка за УФЦ 268 е Камару Усман – Колби Ковингтон. Со само два меча, настанот почнува да добива многу атрактивен изглед за навивачите. НАстанот ќе се одржи во Медисон сквер гарден во Њујорк.

„Градината“ видела многу незаборавни вечери, не чека уште една таква вечер.