Бруно Канети се степал со разбојници, но е застрелан во гради! (ФОТО)

112

Аргентинскиот ММА-борец, Бруно Канети е сместен во болница откако бил застрелан во гради, откако двајца вооружени разбојници се обиделе да му го украдат моторот.

Двајца разбојници му поставиле заседа на Канети додека се возел во Аргентина, а според локалните медиуми тој го паркирал моторот за да испрати порака до неговиот тренер.

Веднаш потоа двајцата мажи побарале од него да му ги предадат клучевите од моторот. Аргентинецот не сакал да ги предаде, по што разбојниците се изнервирале и еден од нив се обидел да го удри Канети.

Во тој момент ММА-борецот успеал да избегне удар и да му врати на крадецот, пред да го изади пиштолот и да го застрела во гради.

Крадците побегнале со телефонот на борецот, по што на местото на инцидентот пристигнале братот и тренерот на Канети, кои потоа го пренеле во болница.