Борењето доби уште еден квалификационен турнир за Олмпијадата во Токио 2021 година

113

Светската федерација за борење, односно Обединетото светско борење (ОСБ/ UWW) официјално објави додавање на уште еден рангиран турнир што ќе служи за освојување на поени за пласман на Олимписките игри следната година.

Станува збор за „Полска опен – Зиолковски и Питласински“ во 2021 година.

Овогодинешниот настан е закажан за 4-8 ноември во Варшава. Досега, настанот никогаш не бил дел од ранкинг-турнирите каде учесниците може да освојат поени за Олимписките игри.

Причината за ова, се разбира, се многу предвидени настани кои беа откажани во пролет и лето поради пандемијата на коронавирусот.

Еве ги во моментов сите турнири за пласман на кои ќе освојуваат поени за Токио 2021 година:

Светско првенство во 2019 година
Континенталните шампионати во 2020 година
Матео Пеликоне 2020 година
Азиско првенство на Кина, Туркменистан и Северна Кореја во 2021 година
Национално првенство во Океанија во 2021 година
Золковски и Питласински – Полска опен во 2021 година

На 5 октомври централата ќе одржи работен состанок за да разговара за плановите за претстојниот Мундијал, што ќе се одржи во Белград во декември.