Боксот во Англија се рестартира во февруари

47

Професионалните боксерски мечеви во Англија може да продолжат следниот месец, официјално објави британскиот одбор за контрола на боксот (BBBofC).

Натпреварите беа прекинати на почетокот на годината поради зголемениот број на лица заразени со Ковид-19 на Островот, а забраната останува на сила до средината на февруари. Целта беше да се ослободат од нивните одговорности лекарите кои служат во настаните и да можат да се фокусираат на борбата против коронавирусот.

Сепак, во својата објава на Твитер денес, BBBоfC објави дека средбите ќе продолжат во февруари.

„Британскиот одбор за контрола на боксот ќе продолжи со боксерските турнири под негова надлежност во средината на февруари, а датумите и местата ќе бидат дополнително потврдени“, се вели во соопштението.