Боксерка дојде на мерењето во чипкаста долна облека, ама ја направија бумбар (ВИДЕО)

450

Британката Шенон Кортни во голем стил го освои шампионскиот појас по победата против Ебени Бриџис од Австралија, која вчера ги изненади сите откако се појави во чипкаста долна облека.

Овој меч привлече големо внимание поради потегот на боксерката од Австралија, која делуваше самоуверено за борбата, но на крајот заврши со затворено око како последица од бруталните удари на нејзината противничка.

„Нема да позирам ниту во следните денови“, се пошегува боксерката од Австралија.