Бобан Илиоски: Со Никола ќе имаме добар и квалитетен меч

623

Еден од нашите најдобри кикбоксери Бобан Илиоски на 5 март има нова профи пресметка, овој пат во Белград против Србинот Никола Тодоровиќ на Арена фрајдеј најт кикбоксинг фајтс настанот на 5 март.

„Се чуствувам добро. Подготвен сум за борба и физички и психички. Тренирав напорно. Никола е квалитетен борец и е еден од најдобрите во Србија. Ќе биде добар и квалитетен меч“, изјави Илиоски кој ја користи секоја прилика да направи што повеќе мечеви и да го надополни испуштеното заради коронавирусот, поради што сите тренинзи и натпреварувања беа запрени.

Илиоски се подготвува за шампионатите на ВАКО и затоа секој меч му е важен.

Ipon.mk