Бобан Илиоски го нокаутира Сумарац во втората рунда (ФОТО)

1399

Бобан Илиоски имаше професионално деби во боксерскиот ринг само како што може да се посака, извојува победа со прекин во втората рунда над Лука Сумарац од Србија.

Борбата се одржа во категоријата до 80 килограми во Белград.

Боби извојува победа со прекин во втората рунда. Покажа извонредно смирена и цврста борба во која за цело време го контролирасе противникот и ја заврши борбата, како што е и препознатлив, со прекин“, изјави неговиот тренер Дејан Митровски – Урко.