Бобан Илиоски ќе се бори со светскиот првак Александар Менковиќ

645

Нашиот кик бокс ас Бобан Илиоски вечерва на својот Фејсбук соопшти дека неговата борба на 5 декмври на кик бокс спектаклот „Куп на нациите“ во Нови Сад, Србија, со Никола Тодоровиќ е откажана поради повреда на противникот. Но, затоа добил понуда што не се одбива – да се бори со светскиот првак Александар Менковиќ во потешка категорија во К1, по професионалните правила.

Оваа борба е закажана за 27 декември во Белград на турнирот „Златен кикбоксер“ во категоријата до 84 килограми во К1 (3×3). Менковиќ е светски првак во К1.

Илиоски требаше да настапи во категоријата до 81 кг на Купот на нациите во Нови Сад. Така, на Купот на нациите ќе се бори само Викторија Варадинова.