БКФЦ му дава над 20 милиони на Тајсон за борба со Вондерлеј Силва

153

Познатата организација Bare Knuckle Fighting Championship (БКФЦ) планира да понуди нова понуда од над 20 милиони долари на Мајк Тајсон.

Промоцијата, која организира борби со голи раце, сака да ја привлече 53-годишната легенда за да направи битка под нивни закрила. Неодамна, Дејвид Фелдман, претседател на организацијата, му понуди на Тајсон 20 милиони долари да се бори за нив, но беше одбиен од поранешниот шампион.

Сега тој одлучи да ја зголеми сумата за да го искушува Тајсон да се бори со ММА легендата Вондерлеј Силва. Мајк веќе објави дека се враќа за да направи хуманитарни борби и е преплавен со понуди од разни организации, а многу борци го предизвикуваат на борба.

„Мислам дека знам што треба да направам за да ги завршам работите. Не го барав Тито Ортиз за да се бори против Тајсон. Мислам дека ќе биде некој како Вондерлеј Силва. Не е важно колку е стар Силва, затоа што тој е сè уште опасен и ќе биде интересна борба.

Сакам да видам дали можеме да склучиме договор со Тајсон и потоа да размислиме за противник. Сè уште не сме успешни во ова, но мислам дека вратата не е затворена. Ја одби првата понуда, но, сепак, мислам дека може да се случи“, рече Фелдман.