БКФЦ ќе им дава пензија на своите борци

157

Организацијата за борби со голи раце (БКФЦ) ќе им даде пензија на своите борци. Претседателот на БКФЦ Дејвид Фелдман ги соопшти историските вести за ММА Фајтинг.

„Нашите борци се најважниот адут на компанијата. Сакаме да се осигураме дека ќе бидат обештетени не само ноќта за време на битката, туку и за време на пензионирањето. За секоја борба во БКФЦ, парите ќе бидат ставени на пензиска сметка, која ќе ја повлечат по пензионирањето.

БКФЦ е најжешкиот, најбрзо растечкиот и највозбудливиот спорт во светот и сакаме да се осигуриме дека нашите борци ќе бидат згрижени на секој можен начин“, рече Фелдман во интервјуто.

Борците на големите ММА промоции како што се УФЦ и Белатор можат само да се надеваат дека нивните лидери ќе го следат примерот и ќе создадат таков план за нив. Дотогаш, поранешните борци на УФЦ, како Пејџ ванЗант и другите, имаа причина да го изберат БКФЦ за свој долгорочен дом.

На крајот на месецот, организацијата се враќа и ќе биде домаќин на настанот БКФЦ 17. Пензискиот фонд БКФЦ ќе започне со работа по нивниот настан на крајот на месецот.