Соочување без социјална дистанца на Ломаченко и Лопез (ВИДЕО)

53

Васили Ломаченко и Теофимо Лопез се соочија лице в лице без маски и без страв од коронавирус.

Вечерва ќе ги одмерат силите по македонско време за титулите на ВБА, ИБФ и ВБО во лесна категорија, а синоќа беше соочувањето. Првично, двајцата стоеја на растојание, заради традиционалното „соочување“, но Ломаченко брзо го проби обезбедувањето и двајцата се приближија на неколку сантиметри еден од друг и се гледаа речиси две минути. Тензиите меѓу нив се зголемија, но не се случија никакви инциденти.

„Ломаченко – Лопез е најдобриот меч што може да се организира во боксот и задоволни сме што навивачите ќе можат да го следат. Теофимо и Васили инсистираа на овој меч и драго ни е што го организиравме. Васили никогаш не побегнал од предизвиците, а Теофимо е бестрашен млад шампион кој сака да биде одличен. Ова ја прави оваа борба модерна класика“, коментира шефот на Топ ранг, Боб Арум.