Белатор до крајот на годината планира да одработи 27 настани

126

Како што УФЦ не се откажа од намерата да одржи 42 настани оваа година, исто така и Белатор не се откажа од своите 30 настани. но и ќе мора да го збие распоредот.

Белатор одржа четири настани во 2020 година (оној во Даблин беше поделен на два) пред да почнат откажувањата. Досега се откажани седум настани, при што претседателот на промоцијата Скот Кокер најави дека може да се вратат во јули. Настаните најверојатно ќе се случат во студиото „Парамоунт“ во Холивуд во првите неколку месеци, само за да во средината или конкрајот на есента да им се вратат на настаните со публика.

Но, штом ќе тргнат настаните, тие ќе бидат на редовна основа и распоредот ќе биде доста исполнет. Поточно, списанието Sports Business објави дека втората по големина промоција на ММА сè уште е во план да одработи 30 настани до крајот на годината. Сметката е едноствана. Доколку почнат во јули, им остануваат 27 недели да направат 26 настани, кои треба да се одржуваат по еден настан секоја недела. Сигурно тоа ќе им биде полесно, бидејќи ќе можеа да постават свое студио на имотот на Парамоунт, каде што сè ќе биде готово и не би било потребно ништо од почеток да се склопува за секој нов настан.

Жрналот откри дека Скот Кокер верува дека може да се одработи, па дури и ако не брзаат со покренување сè. Борците би можеле да станат нетрпеливи со тек на времето, но исто така може да добијат шанса да настапат два или три пати во тие шест месеци.

Втората најголема светска промоција во моментов има многу да понуди. Се очекува прошталната турнеја на Федор Емелијаненко, Гегард Мусаси и Даглас Лима кои треба да се борат за титулата во средна категорија, а тука е и враќањето на Рајан Бадер во полутешка категорија, каде треба да ја брани титулата против Вадим Немков. Во тек е и многу силен турнир во перолесна категорија кој го доби своето прво полуфинале, додека преостанатите две четвртфинални борби беа откажани заради тековните околности. Скот Кокер и неговите соработници ќе имаат вистински предизвик да ги сложат сите работи на вистински начин, со цел да се борат со сите барем два пати до крајот на годината, доколку дозволат околностите.