Бах го соопшти најлошото сценарио за Олимписките игри во Токио

75

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах го соопшти и најцрното можно сценарио за судбината на Игрите во Токио кои се поместени за следната година.

Тој во интервју за BBC истакна дека ако поради некоја причина следното лето Летните игри не се одржат тогаш тие дефинитивно ќе бидат одложени. Бах сепак верува дека светот ќе успее да се справи со овој проблем и дека сепак на крајот Токио следната година ќе биде домаќин на најдобрите светски спортисти.

Бах потенцираше дека олимпиското движење секој потег го повлекува во координација со Светската здравствена организација и верува дека ќе биде откриена вакцина и дека престојот во јапонската престолнина ќе биде безбеден по здравјето на натпреварувачите.