Бадр Хари се забавува со семејството (ФОТО)

103

Кик бокс легендата Бадр Хари му дава разнобразност на тренингот додека е со семејството. Мароканецот ги однесе сопругата Дафне Романи и неговите три деца во забавен парк, по што среќното семејство ручаше заедно.

„… Семејство“, напиша „Златното момче“ на својот профил на Инстаграм.

View this post on Instagram

❤…family😄

A post shared by Badr Hari (@badrhariofficial) on

Потсетуваме, Бадр Хари требаше да се сретне со Бенјамин Адегбај во Глори. Средбата беше закажана за 20 јуни во Ротердам, но поради пандемијата на коронавирусот беше одложен и сè уште не е познато кога ќе се одржи.

Пред извесно време Глори објави дека се враќаат, но пред два дена престижното холандско издание „НОС“ информираше дека двата планирани настани во почетокот на октомври ќе бидат одложени.

Мароканецот веќе 5 години не победил и е во серија од два последователни порази (и двата против Рико Верховен). Пред нив Хари имаше 5 последователни победи, од кои 4 со нокаут.