Бадр Хари покажа како се подготвува за Адегбај

75

Легендарниот Бадр Хари продолжува со подготовките пред неговото враќање во рингот. 35-годишниот Мароканец ќе влезе меѓу јажињата со Бенјамин Адегбај на почетокот на следниот месец во главната борба на Глори 76. Нивниот дуел ќе даде предизвикувачот за титулата во тешка категорија.

„Лошото момче“ е во серија од два последователни порази од Рико Верховен, кој го победи откако Хари се повреди во нивните две средби и не успеа да продолжи. На нивниот последен дуел пред една година, Хари два пати го сруши шампионот, но се здоби со повреда на ногата откако се обиде да зададе удар од вртење.

Последната победа на Хари беше над Исмаил Лондт во 2015 година во Грозни, Чеченија. Хари забележа победа и во Глори во 2018 година над Хесди Гергес, но таа беше понштена по падот на допинг-тестот.

Овој меч е исклучително важен за него, затоа не престана да тренира во последните месеци.

https://www.instagram.com/p/CGNd-zSlLtl/?utm_source=ig_embed

View this post on Instagram

A wild heart is untamable. #BadrArmy

A post shared by Badr Hari (@badrhariofficial) on