АСМ и вицепремиерот Николовски: Целокупната документација доставена од подносителите против Боречка федерација, е препратена до ЈО за гонење на организиран криминал и корупција

840

Денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и Љупчо Николовски, вицепремиер во Владата на Македонија задложен за борба против корупцијата одржаа заедничка прес-конфренција. Ова се поентите од нивната прес-конференција:

-Од приложените документи јасно се гледа дека постојат нерегуларности во работата на федерациите, кои треба да бидат промотори на спортот, но и пропусти на инспекциската служба. Целокупната документација доставена од подносителите против Боречка федерација, е препратена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со цел спроведување на детална и целосна истрага.

-Претставката против Скијачката федерација се однесува на нерегуларности и незаконитости при изборот на претседател, како и фалсификување и злоупотреба на потписи на одредени лица од скијачки клубови.

-Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Мојсовски посочи дека по поднесените претставки до кабинетот на вицепремирот Николовски и по направените анализи, Агенцијата за млади и спорт согласно својата надлежност поведе дисциплинска постапка против самостоен инспектор, кој ја испитувал работата на двете федерации.

-Ова го направивме од причини што постојат сериозни индиции за определени пропусти при вршење на инспекцискиот надзор од страна на инспекторот, од една страна, а од друга страна тоа ќе биде можност да се расветлат евентуалните злоупотреби и нерегуларности во работењето на посочените федерации.

-Сите федерации се должни да го почитуваат Законот за спорт и Законот за здруженија на граѓани, во зависност од тоа како се организирани и како функционираат, бидејќи само на таков начин можеме да очекуваме развој на спортот во РСМ и постигнување на одлични резултати од нашите спортисти, рече директорот Мојсовски.