Ардијан Аземи: Се надевам ќе се вратам како медалист од Светското првенство!

401

Единствениот наш боксер кој ќе настапи на Светското првенство во бокс за млади во Киелце- Полска, од 10 до 24 април, Ардијан Аземи вели дека е добро подготвен и дека ќе ја израдува македонската јавност со медал.

„Добро сум подготвен од страна на тренерите Блерим Саити и Насер Харуни. Имавме подготовки во Маврово, каде што работевме на тактичко-технички елементи и подигнување на кардиото. Се надевам нема да ве разочарам и ќе се вратам како медалист од ова Светско првенство“, изјави Аземи.

Аземи и тренерот Насер Харуни за Полска патуваат во недела.

Аземи има искуство со настапите на три европски првенства и прв медал, историски за Македонија, за млади. Ова ќе му биде прво Светско првенство.

Како подготовка и генерална проба за СП, Ардијан Аземи настапи на силниот меѓународен турнир „Емил Жечев“ во Бугарија, каде што го освои сребрениот медал, кој на друго место ќе беше златен. Претходно, на Младинската златна ракавица во Блеград го освои златниот медал.

Да потсетиме дека медалот на ЕП во Црна Гора 2020 година е историски медал, прв во јуниорска конкуренција, бидејќи Македонија на европските првенства на освоила медал пред 25 години (сега веќе пред 26 години), но во кадетска конкуренција од страна на Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година. Додека 1997 година во Битола Фатон Салиху освои златен медал, а Дарко Чатлески и Денис Георгиевски бронзени.

Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.

Борбите на ЕП во бокс 2020:

91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0

Ардијан Аземи – Дује Гацина (Хрватска) 5-0

Адријан Аземи – Владислав Комаров (Русија) 2-3

Ipon.mk