Ардијан Аземи освои бронза, а ќе се бори и за финале на Европското првенство (ВИДЕО)

528

Ардијан Аземи го има во џебот борнзениот медал на Европското првенство за јуниори (17 и 18 години) во Будва, Црна Гора, откако во четвртфиналето го победи Хрватот Дује Гацина со едногласна одлука на судиите.

Ова е историски медал, бидејќи Македонија на европските првенства, прв во јуниорска конкуренција, а последните медали се освоени пред 23 години на ЕП во Битола во 1997 година за кадети. Но, првиот медал е освоен пред 25 години од Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година за кадети, бронза. Во истата конкуренција на ЕП во Битола 1997 година освоивме три медала – 1 златен и 2 бронзени. Фатон салиху го освои златниот, а Дарко Чателски и Денис Георгиевски бронзените.

Првата рунда Аземи тактички добро ја изработи, беше поактивен и попрецизен,напаѓаше со врзани комбинации 1-2.

Ардијамн продолжи со истата тактика и во втората рунда, а на крајот прими два директа, но го отвори противникот.

Во третата рунда Гацина се обиде да ги искористи подолгите раце и беше поагресивен, но нашиот боксер вешто го амотизираше тоа. Во текот на рундата имаа две жестоки размени на удари, а при крајот Аземи беше поуспешен.

Борбата  на Аземи е -24:00, пр крајот.

На ЕП настапуваат 175 боксери (113 мажи и 62 жени) од 22 држави.

ЕП во бокс:

91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0

Ардијан Аземи – Дује Гацина (Хрватска) 5-0

Ipon.mk