Ардијан Аземи е трет во Европа, нијанси пресудија за финалето (ВИДЕО)

107

Ардијан Аземи во рамноправна борба со поделена одлука на судиите загуби во полуфиналето на Европското првенство за јуниори (до 19 години) во Будва, Црна Гора, со Русинот Владислав Комаров.

Нашиот репрезентативец храбро се бореше со добра тактика и не му дозволи на рускиот боксер да доминира, иако Русинот ја користеше висината и подолгите раце и одеше на еден удар. Покажа дека може да се носи и со големи противници и дека од него може да очекуваме уште поголеми успеси, иако денска нијанси го одлучуваа победникот, а тоа го покажа и самата одлука на судиите 2-3. Победата можеше да му припадне и на нашиот боксер.

Ова е голем успех за Аземи и македонскиот бокс. Ова е историски медал, бидејќи е прв за Македонија на европските првенства во јуниорска конкуренција. Првиот медал е освоен пред 25 години од Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година за кадети, бронза. Во истата конкуренција на ЕП во Битола 1997 година освоивме три медала – 1 златен и 2 бронзени. Фатон салиху го освои златниот, а Дарко Чателски и Денис Георгиевски бронзените.

Аземи бронзата ја обезбеди со двете победи во категоријата 91 килограм со едногласна одлука на судиите против Јакуб Стражевски од Полска и Хрватот Дује Гацина.

На ЕП настапуваат 175 боксери (113 мажи и 62 жени) од 22 држави.

ЕП во бокс:

91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0

Ардијан Аземи – Дује Гацина (Хрватска) 5-0

Ардијан Аземи – Владислав Комаров (Русија) 2-3

Борбата е на 20:00:

Ipon.mk