Амнда Рибас ја натера Ван Зант да се предаде во првата рунда

66

 Аманда Рибас и Пејџ ван Зант ја отворија главната борбена карта на УФЦ 251 во Абу Даби. Борбата меѓу нив траеше 2 минути и 21 секунда, во која Бразилката успеа да ја натера Американската на предавање. Рибас беше голем фаворит на мечот, што е последен од договорот на Ван Зант која нема повторно да се потпише со УФЦ.

На почетокот и двете почнаа со размена на ножни  удари. Рибас додаваа колено, а Ван Зант ја притиска на мрежата и успева да и го ракрвари  носот. Борбата се пренесеува на подот, каде Рибас применува  армбар за предавање на Ван Зант.

Со оваа победа Рибас влегува во серија од 5 последователни победи, а Ван Зант се враќа на поразите, а победи само еднаш  во последните четири битки.

УФЦ 251 резултати:
Камару Усман – Хорхе Масвидал со едногласна одлука
Александар Волкановски – Макс Холовеј со поделена одлука
Петр Јан – Хозе Алдо со ТКО, (Р5, 3:24)
Роуз Намахунас – Џесика Андраде со поделена одлука
Аманда Рибас – Пејџ ван Зант со завршница (лост на рака) (Р1, 2:21)

Воведни борби:
Јиржи Прохаска – Волкан Оездемир со КО (Р2, 0:49)
Муслим Салихов – Елисеу Залески со поделена одлука (30-27, 29-28, 28-29)
Макван Амирхани – Дани Хенри со завршница (анаконда гушење) (Р1, 3:15)
Леонардо Сантос – Роман Богатов со едногласна одлука (29-26 x3)
Марцин Тибура – Максим Гришин со едногласна одлука (30-27 x2, 30-26)
Раулијан Паива – Жалгас Жумагулов со едногласна одлука (29-28 x3)
Керол Роса – Ванеса Мело со едногласна одлука (30-26 x2, 30-27)
Дејви Грант – Мартин Ден со КО (Р3, 2:38)