Амнада Нунес се заразила со Ковид-19, па е откажана борбата со Хулијана Пена

82

Бразилската воинка Аманда Нунес (21-4) се зарази со Ковид-19 и мораше да ја откаже борбата против Американката Хулијана Пена (10-4) на УФЦ 265 настанот што ќе се одржи на 7 август во Хјустон.

Настанот во Тојота центар хол е предводен од пресметка за привремената титула во тешка категорија меѓу Дерик Луис (25-7, 1НЦ) и Сирил Гане (9-0).

Партнерката на Аманда Нунес рече дека три лица во нејзиното семејство биле заразени со коронавирус, вклучувајќи го и новородениот Реган.

Моментално Аманда има 12 победи по ред, а нејзината последна борба беше во март на УФЦ 259, кога со зафатот „триаголник лост“ ја порази Меган Андерсон и на тој начин го одбрани појасот во перо категорија.

Бразилката требаше да ја брани титулата во бантам категорија на мечот против Хулијана Пена, но борбата сега треба да се договори за друг датум.