Алжирскиот џудист Нурин суспендиран десет години, не сакаше да се бори со противник од Израел на ОИ

300

Алжирецот Фети Нурин одби да се бори со израелскиот џудист на Oлимписките игри во Токио и за тоа заработи тешка казна. Светската џудо федерација го суспендира Нурин дури до 2031 година.

Нурин во првото коло требаше да се бори со Мохамед Абдалрасол од Судан и доколку славеше во наредната рунда ќе се сретнеше со Тохар Бутбул од Израел. Поради тоа, Алжирецот одлучи да не настапи на турнирот во џудо и со тоа заработи тешка казна.

Според Нурин, поддршката на Палестина не му дозволила да се бори со Бутбул.