Алситер Оверем потпиша за Глори, се враќа во кикбоксот

142

Откако неодамна беше ослободен од УФЦ, Алистер Оверем избра да не се повлекува од спортот, но наместо тоа се врати во кик боксот.

„Многу сме возбудени што можеме да објавиме дека Алистер Оверем се приклучи на Глори“, рече Пјер Андуранд, менаџер на организацијата.

„Алистер е еден од најдобрите борци во тешка категорија на сите времиња. Денес е историски ден за спортот и за љубителите на Глори. Пред нас се атрактивни битки што сите би сакале да ги видат“, рече Андуранд.

Овој 41-годишник има многу настапи на турнири К-1, како и во ММА организации како што се Прајд, Страјкорфорс и Дрим.

Во кариерата победи имињата како Бадр Хари и Питер Аертс, како и Тајрон Спонг и Гохан Саки.

Оверем беше победник на на К-1 Гран при во 2010 година, а потоа ги освои титулите на Дрим и Страјкорфорс.

Една година подоцна Холанѓанецот потпиша со УФЦ и последната деценија се бореше за нив, но не успеа да забележи голем успех.

На крајот, кариерата на Оверем во УФЦ заврши со пораз со ТКО од Александар Волков, а целокупната статистика во организацијата е 12-8. Сега ќе се обиде да ја подобри кик бокс статистиката, која е 10-4.