Александар Ристовски ќе ја претставува Македонија на „Војводинска ракавица“

273

Македонската јуниорска боксерска репрезентација ќе настапи на 38. издание на „Војводинска златна ракавица“ во Суботица, Србија, со  Александар Ристовски.

Ристовски, кој е член на БК Шкендија но лимит од Тетово, ќе ја претставува нашата репрезентација во младинска конкуренција. На турнирот ќе настапат боксери од Србија, Бугарија, Романија и Македонија… Ова е исклучително силен турнир од А категорија на кој ќе има боксери кои се шампиони на Европа.

Со Ристовски отпатува и тренерот Васко Цубалевски, а во нашата делегација е и судијата Стефан Цубалевски. Натреварите почнуваат утре, кога ќе биде извршена жрепката, и ќе траат до недела.