Александар Емилијаненко: Му се јавив на Федор, а тој стана хистеричен

188

Рускиот ММА борец Александар Емелијаненко прорговори за односите со постариот брат Федор Емелијаненко, кој се бори во Белатор. Тие се во лоши односи со години, а пред некое време Федор изјави дека Александар е мртов за него.

Очигледно долго време Федор се обидуваше да му помогне на својот брат, кој никогаш не тргна по вистинскиот пат и не престана да се опива и да се меша во секакви скандали. Александар помина извесно време во затвор затоа што беше обвинет за силување.

Неодамна, еден од раководителите на ММА организацијата АЦА изјави дека Александар не престанува да пие и денес тежи 142 килограми. Во една од последните изјави за медиумите Александар искажа мислење за неговиот брат.

„Комуницирам со сестра ми и помладиот брат. Не одржувам контакт со Федор. Веројатно не комуницираме нормално 15 години. Му се јавив еднаш на телефон. Стана хистеричен. Сфатив дека е подобро да не му пречам на мојот постар брат, да не му се газам по нервите. Нека си го живее животот.

Скоро не сме се видувале. Не сум против промирување. Немам ништо против Федор. Не знам зошто има толку негативен став кон мене. Не чувствувам никаква злоба спрема него. Не знам зошто се однесува така. Простувам и разбирам. Ќе дојде време кога тој ќе биде ослободен и ќе бидеме заедно“, изјави Александар Емилијаненко.