Актерот Том Харди со син појас во џиу џицу

153

Сега е сосема нормално холивудските познати личности да тренираат џиу-џицу. Том Харди е еден од нив и актерот неодамна дури заработи син појас.

Харди глумеше во многу хит филмови, но најверојатно улогата што ја разгоре неговата страст кон оваа боречка вештина е онаа на Томи Колан во ММА филмот „Воин“.

Том има широк спектар на улоги во наслови како Mad Max: Fury Road, Venom и The Dark Knight Rises, но филмот Воин го претставува како пешадиски ветеран кој учествува на ММА турнир. Набргу потоа, тој го облече кимоното и почна да тренира се повеќе и повеќе бразилско џиу џицу.

Харди покажа дисциплина и посветеност и успеа да го добие синиот појас за заслуга.

Тој се пофали со својата нова придобивка заедно со тимот каде тренира – REORG Jiu-Jitsu.

REORG е непрофитна организација што ги поддржува воените ветерани. Кимоното со кое се фотографираа Харди и неговите соборции е наменето за продажба, а приходите ќе бидат за поддршка на ветераните.