Актер се вклучува во мечот Тајсон – Рој Џонс (ВИДЕО)

50

Добитник на серија награди за актери Марио Лопез ќе биде домаќин на шоуто во кое ќе се соочат боксерските легенди Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор.

Мечот е на крајот на ноември, а пред нив во рингот ќе влезе блогерот Џејк Пол против поранешната НБА ѕвезда Нејт Робинсон, Баду Џек против Блејк Меккренан и Видал Рајли против Рашад Култер.

„Гледав бокс уште од дете, со татко ми и дедо ми. Ова е еден од ретките спортови во кои латиноамериканците се на високо ниво ширум светот, така што секогаш ми носеше гордост. Ова е она што ме инспирираше да почнам да тренирам во салата на Фреди Роуч пред неколку години. Можноста да го комбинирам боксот со професијата е забележително во мојата кариера, особено за ваков легендарен настан. Вакви работи се случуваат еднаш во животот и не можам да бидам погорд“, рече Лопез.