Адесања и Коста се поткачија на соочувањето (ВИДЕО)

92

Дана Вајт имаше полни раце работа, а за малку ќе настрадаше при соочувањето на главнит епротагонисти на УФЦ 253 во Абу Даби во сабота, Израел Адесања и Пауло Коста.

Коста прв се појави на сцената и се ракуваше со Вајт, за потоа кога Адесања се приклучи, Пауло го покажа црниот појас во џудо и извади бел појас кој го фрли кон противникот. Потоа настана мешаница, која Вајт успеа да ја смири и покрај саркастичните удари со нозе на Адесања и размената на навреди.

Новозеланѓанецот со нигериско потекло, Адесања претходно неделава се потсмеваше со скорот 13-0 на Коста и изборот на слаби противници.

„Видете кого победил! Џони Хендрикс, кому времето му е поминато, Јураја Хол, кој ментално се скрши и Јоел Ромеро, кој исто така беше на заминување“, изјави Адесања, кој исто така има скор 19-0.