Абе и Марујама водеа епска битка за место на Олимписките игри (ВИДЕО)

162

Јапонскиот џудист Хифуми Абе си го обезбеди место на следните Олимписки игри. На 13 декември во Токио имаше историски судир меѓу двајцата светски шампиони во категоријата до 66 кг Хифуми Абе и Јоширо Марујама. Борбата се одржа зад затворени врати без публика во лулката на џудото, Институтот Кодокан, а во живо ја следеа повеќе од 400.000 луѓе ширум светот.

Борбата беше исклучително динамична и напорна и траеше скоро 25 минути. После долго и исцрпувачко натпреварување Абе успеа да му се спротивстави на Марујама со техниката оучи-гари и го доби мечот со вазари. Оваа епска борба го одреди и последниот претставник на Јапонија на Олимписките игри во Токио 2021.

Абе ќе ја претставува татковината на најелитниот спортски форум заедно со неговата сестра Абе Ута, која ќе ја претставува Земјата на изгрејсонцето во категоријата до -52 кг.

Марујама е актуелен светски шампион од 2019 година. Помладиот Абе е светски шампион од 2017 и 2018 година. Досега резултатот во борбите меѓу нив е 2-2. Абе последен пат го совлада Марујама во финалето на Грен слемот во Осака, а неколку месеци претходно Марујама го победи Абе во полуфиналето на Светскиот куп во Токио. Селекторот на јапонската репрезентација Косеј Иное, кој исто така присуствуваше на настанот, рече дека се срами што не може да ги однесе обајцата на Олимписките игри.

„Тие ги оставија срцето и душата на татамито и се жртвуваа многу се додека не стигнаа до овој меч. Но, знам дека на игрите Абе ќе се бори за Марујама, а Марујама ќе го искористи ова искуство за да се врати уште подобар“.

„Свежината во текот на целата средба ми донесе победа. Бев подготвен да победам или да умрам на татамито, но не се двоумев за момент и победив. Сега сум официјално во олимпискиот тим. Како постар брат на Ута, нема да си дозволам да загубам на Игрите во Токио за ништо на светот“, рече Абе по мечот.

„Резултатот е сè, изгубив. Дадов се од себе, но сепак бев поразен. Абе ме направи посилен психички и нема сомнеж дека станав подобар џудист поради него. Мојата кариера сè уште не е завршена. Ќе се вратам посилен – психички и физички“, изјави разочараниот Марујама.