Ајхан Озмен го освои бронзениот медал на „Марибор куп“

234

Ајхан Озмен е освојувач на бронзениот медал на Меѓународниот боксерски турнир „Марибор куп“.

Во полуфуналето на категоријата до 75 килограми нашиот боксер изгуби со поделена судиска одлука 2-3 од Словенецот Бегај Флоријан кој е претставник на Словенија на неколку европски првенства.

„Борбата беше тесна, судиите требаше и можеше да ја дадат на нашиот боксер, ама пресуди домашниот терен“, вели тренерот на Озмен, Васко Цубалевски.