9 медали за Бучим во Јалова-Турција

Младите борачи на Бучим на Меѓународниот турнир во Јалова, Турција, освоија 9 медали – 1 златен, 2 сребрени и 6 бронзени.

Медалите ги освоија: Михајло Илиев – златен, Илија Атанасов и Зорица Јованова – сребрени, Гоше Павлов, Мехмед Усеинов, Мартин Иванов, Стефан Митев, Георги Ѓоргиев и Христина Ѓоргиева – бронзени.

На турнирот настапија 120 борачи од Турција, Косово, Бугарија, Шпанија, Молдавија и Македонија, односно 16 екипи за родените 2005, 2006 и 2007 година.

print