ЕКСКЛУЗИВНО: Македонската џиу џица федерација е примена во Светската џиу џица федерација!

156

dziu dzicu rep so ace

Македонската џиу џица федерација на 30 јули е признаена од страна на Светската џиу џица федерација (JJIF), соопшти претседателот на Федерацијата, Александар Ацевски.

dziu 1 th

„Со заеднички долгогодишен напор и залагање, по двегодишно прилагодување и тригодишен статус на земја кандидат, Македонската федерацијата успеа да стане полноправна членка во Светската џиу џица федерација, која вкупно брои 108 земји.
Тоа, пред се, се должи на напорната работа и посветеност, учеството на над 50 меѓународни турнири, освоени се над 100 медали, организирање по петти пат на еден од најголемите Меѓународни турнири „Скопје Опен“, организирање на државни првенства по сите прописи и закони на Европската федерација, организирање на 30-тина семинари, учество со своја екипа во Јадранската лига и учества на судиски семинари“, истакнува Ацески, притоа нагласува дека до овој успех дошле сите заедно, како раководството на Федерацијата: Виктор Велинов – спортски директор, Драган Трајановски – подпретседател, Деан Соколовски – генерален секретар, Зоран Ристески – претседател на судиска комисија и тој, како претседател на Федерацијата.

dziu dzica vo slovenija udar

Претседателот на Македонската џиу џица федерација изразува балгодарност до раководството на Светската џиу џица федерација: Панајодис Теодоропулос, Томо Борисов, Јоаким Тумфарт, Дана Мургесу, како и до поддржувачите и верни пријатели Карл Келц, Роберт Перц, Витја Гричар, Горазд Топлак, Радислав Јовичиќ, Бојан Јовиќ, но и сите што помогнале Федерацијата да стигне во големото и престижно друштво.

„Поминавме многу искушенија, имавме работа со многу нелуѓе, кои ни мислеа лошо, имавме членови кој не напуштија, мислејќи дека во некои други клубови ќе им биде подобро, имавме ситуации кога ни удираа нож во грб, луѓе на кои им верувавме, имавме разни опструкции, но сепак успеавме“, заклучува Ацески и оптимистички порачува: “Одиме понатаму, одиме по европско или светско злато“!

ipon.mk/В.Д.