80 каратисти ќе се борат за место во репрезентацијата на Државното првенство во Штип

Во сабота се одржува Државното карате првенство за сениори и тоа во Штип, што е вистинско освежување, бидејќи неколку години наназад сите првенства се одржуваат во Скопје.

За Државното првенство се пријавени 80 натпреварувачи од 27 клуба. Со најмногу каратисти е Металург 19, потоа следи Макпетрол со 10, па Штип 6, Ронин и Гладијатор по 5, Бонсаи 4 итн.

Шампионатот  ќе се одржи во спортската сала „Јордан Мијалков“ со почеток во 10 часот.

Ова ќе биде филтер со Балканското првенство за составот на репрезентацијата за Европското првенство во Нови Сад, Србија, од 10 до 13 мај, но и за Светското првенство во Мадрид, Шпанија, од 6 до 11 ноември.

Во Штип ќе се појават сите учесници во Премиер лигата, како домаќините Емил Пвалов, Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Берат Јакупи, Енес Самилагиќ, Ферат Корбулиќи, Семир и Емир Ќосовиќ, Роберто Ацковски, Димитар Илиевски, Ненад Ќелебиќ, Ферри Исиќ, сестрите Маријана и Мишела Димоски, Пуликсенија Јованоска, Петар Заборски, Азиз Исмаил, Наташа и Моника Стефановски, Моника Пендароска, Ангела Мојсовска, Сара Радичевска, Симона Заборска, Вероника Костовска, Муртиши Шабан, Сашко Патраклиев, Виктор Крстевски, Крстевска Сара, Драгана Манговска, Стефан Костиќ, Горан Николовски, Филип Несторвски, Ева Блажевска, Давид Петков, Петар Спасеновски, Јована Георгиева, Мартин Стојменов, Константин Василески, Ардит Марку, Доан Османи, Владанка Аврамова, Ана Савиќ и др.

Најбројна е категоирјата до 67 килограми кај мажите со 12 натпреварувачи, потоа следат 75 -10, +84 – 8, 60 – 6 и 84 -4. Кај жените 50 – 2, 55 – 4, 61 – 2, 68 – 4 и +68 -4.

Во кати кај мажите има 10 натпреварувачи, а кај жените 7.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...