„7 Мај“ освои три медали во Радовиш – Стојкоска во добра форма пред Балканијдата

472

Борачките на „7 Мај“ имаа забечежителен настап на Меѓународниот турнир „Трофеј шампиони борачки легенди” во Радовиш, освојувајќи три одличја – 2 златни и 1 бронзен медал.

Медалите ги освоија Тамара Цветкоска (55кг) бронза, Ангела Трајкоска (36 кг) и Барбара Стојкоска (60 кг) златни.

Стојкоска извојува четири победи.

„Ова беше само проверка пред Балканијадата во Ксанти, Грција“ изјави новоназначениот тренер Теодор Темелкоски и додаде:

„Барбара првата борба ја имаше со Марија Неделкоска од Вардар. Марија физички е многу силен противник, но искуството на Барбара дојде до израз и со техничка надмоќност ја доби борбата .

Втората борба беше со Анабела Данилова од Балканец, а тоа е добра боречка школа, но неискуството ја порази штипската борачка. Во трета борба со косовската борачка беше супериорна, додека четвртата ривалка на Барбара, Благица Тодорова од Бучим, ја откажа борбата“.

Во другите борби на турнирот се истакна Стојанче Стојков против Хамза Рушити, вели Темелковски, а Зоран Шоров беше доминантен на 65 кг без вистинска конкуренција, исто како и Илија Атанасов 85 кг од Бучим. Една од поинтересните борби во 55 кг за жени, каде Зорица Јованова Бучим се сретна со  Марија Цветанова Балканец, како финална борба во која издоминира Зорица.