Јусра Адеми најдобар каратист на „Иппон 2015“ во Приштина!

280

Forca vo Pristina na Ipon 2015

Каратистите на Форца не знаат за одмор, откако вчера на Меѓународниот турнир „Гази Баба опен 2015“  станаа најуспешната екипа на турнирот, денес беа на нов меѓународен турнир во Приштина во организација на КК Ипон од главниот град на Косово, „Иппон 2015“.

Форца не се посрамоти, иако голем противник и беше заморот, скопскиот клуб освои десет медали од кои 6 златни, 1 сребрен и 3 бронзени, а Јусра Адеми е прогласена за најдобар каратист на турнирот, бидејќи освои златни медали и во борби и во кати.

Forca vo Pristina na Ipoon 2015 2

Златни медали освоија: Дурата Мемети, Јусра Адеми, Сухејб Весели во кати и Мевлуд Менеди, Верона Ајдини и Јусра Адеми во борби; сребро за Јелда Имери во кати и бронзени медали освоија Сухејла Исаки во кати, Сајра Морина и Јелда Имери во борби.

ipon.mk/В.Д.