43-от Лорд карате куп се одржува во сабота

Во сабота (19 мај) ќе се одржи 43. Лорд куп во Скопје.

Настанот започна во 1974 година во ОУ Иван Горан Ковачиќ (сега ОУ Арсение Јовков) кога овој карате натпревар беше под името „Пионерска карате демонстрација“.

„КК Аеродром ова карате натпреварување го прифати и организира над три децении. Од 1996 година, натпреварот го смени името во Европски кадетско детски карате куп. Натпреварот беше и во календарот на Светската карате федерација (ВКФ) од 2001 до 2005 година. Од пред три години преименуван во Лорд куп – Европски кадетско детски карате куп, организацијата е реализирана во повеќе места во нашиот град, како: ОУ И.Г. Ковачиќ, Плоштад Македонија, СЦ Борис Трајковски, СРЦ Кале, СЦ Форца. Сала МЗТ, сала Независaна Македонија/Кисела Вода, ОУ 11 Октомври“, вели Димче Јанковски.

На Лорд купот најдобрите ќе бидат наградени со доделување карате оскар. Најмладите на возраст до 11 години ќе се потрудат да се покажат што е можно поквалитетно, изведувајќи кати кои ги научиле во текот на изминатиот период поминат во овој спорт.

Учениците на настанот ќе бидат почестени од организаторот со диплома за учество, медал, етикети со симболот на оваа 43-та средба на младите каратисти, како и други подароци.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...