Заборски ќе се бори за златен медал, Пендаровска го освои бронзениот медал!

830

Petar Zaborski

Петар Заборски во категоријата до 76 килограми за јуниори ќе се бори за златниот медал против Италијанецот Антонио де Стефано, а Моника Пендаровска го освои бронзениот медал во категоријата до 53 кг. Ова е ден на каратистите од Макпетрол на Европското првентсво за кадети, јуниори и јуниори 21 до година во Швајцарија.

Заборски најпрво славеше против Леон Марцијус од Хрватска со 3-0 , потоа со 2-0 го совлада Максимилијан Бауер од Германија , Аликсандир Хурхам од Белорусија 4-3 и во полуфиналето беше подобар од Швеѓанецот Лудвиг Ингемансон со 2-1.

Пендаровска ги совлада Тел Бенарше (Израел) 3-0 , Гизем Бугур (Германија) 6-1 , Вероника Халодола (Чешка) 2-0 , а беше поразена од Андреа Брито (Франција) со 0-2 .

Monika Pendarovska na piedestal

Во репасажот Пендаровска беше сигурна во себе и со 3-0 ја победи Ребека Видова од Словачка и така го обезбеди денес вториот медал за Македонија , односно третиот , одкако вчера Вероника Костовска го освои златниот медал во кадетска конкуренција.

Христина Ристиќ (- 48 кг) во првото коло беше поразена од Аурор Бурсуа од Франција со судиско прегласување , бидејќи борбата заврши нерешено1-1 . Но порадио успехот на Бурсуа Ристиќ отиде во репасажот и славеше две победи против Зерина Ханџиќ (Б и Х) 4-0 и Греса Зитија (Косово), а во клучната борба за медал беше поразена од Сара Виндин Хубрио од Германија со 1-2 и на крајот го зазеде петтото место.

Марија Василева (- 59 кг.) ја победи Никиша Бели од Англија со 3-2, но загуби од Марина Барач со 1-2. Во категоријата над 59 кг. Сара Симоновска имаше 2 победи против Бохдана Хлоковка (Украина) 2-0 и Мирјама Козмова (Словачка) 3-1, а беше поразена од Тара Ропрет од Србија со 4-1.

Јуниорот Андреј Ристевски (+76 кг.) против Маркос Мартинез Велила беше поразен со 2-0, а во репасажот забележа една победа и еден пораз. Против Андреас Никитин (Германија) 6-1, а поразен од Матија Жири Дуфурније 0-5.

Monika somedalistikite

Шкелким Рамадани (55 кг.) е поразен од Ерај Самадан од Турција со 3-0, на крајот го зазеде деветтото место.

Давид Петков (-61 кг.) со 3-0 го совлада Андреј Тамишјук (Белорусија), а со Французинот Максим Релифокс борбата ја заврши нерешено но судиите му ја доделија победата на Францускиот репрезентативец.

Адил Мехмед (-68 кг.) се претстави во добро издание а можеби во клучниот меч со Кабаши од Швајцарија беше оштетен од судиите. Откако со Марин Бркич (Б и Х) ја заврши борбата нерешено судиите му ја доделија победијата на него, во второто коло со убедливи 8-0 го победи Лука Пелц (Словенија) а беше поразен од Кевин Кабаши со 0-3.

aDIL MEHMED

Женскиот ката тим-кадети ја победи репрезентација на Босна и Херцеговина со 5-0,а загуби од Германија со 1-4.
Машкиот кадетски ката тим ја победи Словачка со 5-0, а со истиот резултат беше поразена од Германија.

ipon.mk/В.Донев