Рамдани најавува медал од ЕП, Цветковски победа за големи резултати!

457

Stojanc Cvtkovski

„Очекувам добра и фер борба. Мојот противник е исто така искусен натпреварувач, така што не треба да се потценува. Но, јас одам на победа“, вели Стојанче Цветковски за претстојниот меч со Ајкут Тонкал од Турција во лоу кик до 86 кг ) на Меѓународнит меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ во Виница.

Цветковски зад себе има над 15 борби. Бил државен првак, по еднаш, во фул контакт и лоу кик. Државен првак во фул контакт станал како член на КБК од Велес, а во лоу кик со клубот „Адреналин“ од Скопје.

 „Ме очекуваат уште многу борби во 2015 година, а јас се надевам на успеси“, истакнува Цветковски.

Hadis

Хадис Рамдани за неговиот противник, Фазлија Реџепи од Србија, со кого ќе си ги одмерат силите во лоу кик во категоријата до 63,5 кг, знае дека е европски вицешампион.

„Во Виница очекувам да победам. Моите планови се да учествувам на Европското первенство што ќе се одржи во Англија и освојам медал. Медал за Македонија“, уверен е Рамадани.

Во Римини, Италија, на Светското јуниорско првенство го освојува бронзениот во категоријата до 67 г. Тој е државен првак во 2014 година. Тренира во КБК „Наско теам“ од Скопје. Меѓународнит меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ ќе се одржи на 31 јануари во Виница. Во К1 до 81 килограм носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски, ќе се сретне со Огуз Шеќер. Во истата категорија, но во лоу кик, Димитар Ѓоргиев ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција. Македонско-турскиот дуел ќе продолжи и во мечевите Александар Димовски-Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик, Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) и Стојче Цветковски-Ајкут Тонкал (лоу кик, -86 кг). Хадис Рамадани ќе се бори против Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), како и Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).

 ipon.mk/В.Д.