Претендентот за медал Мартин Стојменов нема да патува на Европското првенство

548

2014-11-22 15.54.33

Нашата голема надеж за Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година од 6 до 8 февруари, Мартин Стојменов од КК Партизан од Кочани, дефинитивно нема да отпатува во Цирих (Швајцарија), бидејќи ја обнови повредата што ја заработи на плеј-оф турнирот во Скопје кон крајот на минатата година.

„Во среда, на тренингот, Мартин ја обнови повредата, односно го измести рамото“, вели неговиот тренер Оливер Коцев, додавајќи дека во кочанската болница е констатирано обновувањето и веднаш му е бандажирано рамото и две недели ќе мора да остане така. Ќе мора да мирува 1-2 месеци.
Снимките од повредата се пратени до Карате федерацијата на Македонија.

m 2

Стојменов од годинава настапува во јуниори до 21 година, а минатата година на Европското првенство во Лисабон, Португалија, го освои бронзениот медал за јуниори. На Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година беше прв, како и на изборниот турнир, а поради повредата го пропушти Балканското првенство во Софија.

 ipon.mk/В.Д.