Кристијан Пешко и Худинге БК први на „Куп Клипан ГП“

288

Hudinge

Екипата на Худинге БК го освои првото место на „Куп Клипан ГП“ пред ИК Спарта и Украина. Веста сама ќе остане само вест ако за екипата на Худинге БК не настапува Кристијан Пешко, кој се уште  јуниор а се бори во сениорска конкуренција, додека клубот го предводи поранешниот репрезентативец Љубиша Пешко. Худинге имаше скор 2 први места и по едно второ и трето.

Кристијан претрпе два порази, но тоа се подготовки за Државното првенство на Шведска за јуниори до 20 години, каде што ќе се натпреварува во категоријата до 66 килограми. Кристијан  е потенцијал за нашата репрезентација.

ipon.mk/В.Д.