3 финалиња на Гранд прито и 4 борби за шампион на ОНЕ настанот во Токио

ОНЕ Чемпионшип го објави список со 22 борби за својот 100-ти настан, што ќе се одржи во Токио на 13 октомври.

На програмата ONE: CENTURY во Рјогоку Кокугикано се три финалиња на Гран-прито и четири борби за шампионската титули.

 Поранешниот шампион на УФЦ, Деметриус Џонсон во финалето на Гран-прито во мува категоријата ќе ги одмери силите со Филипинецот Дани Кингадом, а во финалето на Гран-прито во лесна категорија, уште еден поранешен шампион на УФЦ, Еди Алварез, се бори против Турлинот Сајгид Арсланалиев.

Џорџо Петросијан и Семи Сана се борат за еден милион американски долари во финалето на Гран-прито во кик бокс во перолесна  категорија.

Шампионот со две категории Аунг Ла Н Санг го брани појасот во полутешка категорија против првакот во тешка категорија Брендон Вера.

Бибијано Фернандес во четвртиот меч ја брани титулата во бантам против Кевин Белингтон.

Во борбата за титулата во атом категорија се среќаваат шампионката Ангела Ли и шампионката во сламка категорија Ксионг Јинг Нан која во март ја нокаутира Ли во нивната прва борба.

ОМЕ мај тај шампионот во мува категорија Родтанг „Железниот човек“ Јиттмуангнон го брани појасот против Бразилецот Валтер Гонкалвес.

print