Шенон Бригс: Јас сум најсилниот по Мухамед Али!

776

Brigs

Поранешниот светски боксерски шампион, Шенон Бригс, уште еднаш го повика Владимир Кличко да се соочи со него во рингот.

Бригс ги покажа резултатите од анкетата на германската телевизија, според кои 72 отсто од навивачите сакаат Кличко да се бори со Бригс.

Brigs 2

„Јас сум најсилниот боксер од времето на Мухамед Али па наваму. За Кличко ќе биде подобро да се бори со мене. Борбата да биде во Њујорк, бидејќи јас сум од тука и целиот град ме познава. Ајде, шампиону! Ајде да го направиме тоа“, заврши со изјавата Бригс.