Седум медали за џудистите на „Ипон“ во Приштина

334

judistite od ipon vo Pristina

Џудисти од клубот Ипон да настапат на турнирот „Адем Јашари“ во Приштина освоија седум медали. Младите џудисти од Македонија медалите ги освоија во конкуренција на преку 300 џудисти од Косово, Црна Гора, Хрватска, Турција, Романија, Бугарија и Албанија освоија седум медали.

Нашите џудисти се бореа во 4 финални борби и 4 борби за 3-то место: Со злато се врати Хамза Јашари, сребро освоија Ерион Мехмети, Агон Ганиу и Резарт Хисени, а бронза освоија Ветон Ајдинов, Исен Демиршаји и Арбр Реџепи. Ангел Ангелов го освои петтото место.

 

„Овој меѓународен турнир беше од висок ранг и за нас претставуваше одлична прилика да видиме до каде се нашите млади џудисти, кои полека но сигурно чекорат кон вистинската цел, додека за родителите показател дека нивните деца времето поминато на тренинг максимално полезно го искористиле и добро тренирале“, истакна Игор Мицкоски од ЏК Ипон.

Викендов требаше џудиситите да патуваат и на силниот турнир во Загреб, но поради недостатоки на финасиски средства таа можност отпадна.