Машовиќ со победа и пораз го заврши СП во самбо во Јапонија

440

Sambo vo Japonija

Откако Адем Камбери во категоријата до 74 килограми загуби со 9-0 од  Даниел Рејес од Никарагва, на Светското првенство во Самбо во Јапонија, вториот наш натпреварувач Бајро Машовиќ во +100 килограми го сирши малерот и во првото коло забележа и првата победа за Македонија на СП. Тој на поени го совлада Јасер Ахмед од Јемен, но во осминафиналето загуби од Германецот Бјорн Бакман со технички поени.

sambo1-615x400

Водачот на експедицијата, Славчо Тодоов, истакнува дека ова е дебитантски настап на едно светско натпреварување и дека може да бидеме задоволни од оствареното. Следен настан е во декември на Балканското првенство во Истанбул.